Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа втор висок пораз во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2021 година и во првиот меч на домашен терен загуби од Летонија (39-98). Без Митрашиновиќ и Антиќ, кои се повредени, нашиот национален тим не можеше да направи повеќе и загуби идентично како и на претходниот дуел со Германија. Дуелот се отвори катастрофално, не се постигнаа поени повеќе од пет минути, а уште од тогаш Летонија најави дека само победа е императив во Скопје. Следен квалификациски предизвик за Македонија ќе биде дуел со силната Хрватска.