Импресивната кариера на Буштур крунисана со олимписки и европски медал!

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа загина македонската кошаркарска величина, Благоја Георгиевски. Несреќниот момент се случил во скопската населба Кисела Вода,  поточно кај сервисот „Скендеровски“.

Благоја Георгиевски е роден на 15 октомври во Скопје. Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, а импресивни се бројките кои го следеа низ професионалната кариера. По завршувањето на активното играње кошарка, Буштур остави трага и во тренерската кариера и кариерата на спортски работник.

Играчка кариера:
– Член на младинска репрезентација на поранешна Југославија со која, под селекторската палка на Лазар Лечиќ, стигна до балканската шампионска титула во 1970 година.
– Полуфинале на Европското младинско првенство 1970 година во Атина.
– Европски вицешампион со репрезентацијата на поранешна Југославија на Европското првенство 1971 во Западна Германија.
– Олимписки вицешампион од ЛОИ 1976 во Монтреал што е најголем успех во историјата на еден македонски кошаркар.

Тренер и спортски работник:
– Селектор на македонската сениорска репрезентација
– Член на УО на КФМ и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет
– Претседател на Олимпискиот совет при МОК
– Член на Клубот на великаните на Македонскиот олимписки комитет од 1997 година
– Амбасадор на Специјалните Олимписки Игри.